Мајката на Бритни Спирс за првпат се огласи за медиумите: Со новинарот зборуваше низ шепот

Мајката на Бритни Спирс за првпат се огласи за медиумите: Со новинарот зборуваше низ шепот

Објавена во: Живот // Живот

Родителите на поп ѕвездата се разведоа во 2004 година...

Поп ѕвездата Бритни Спирс и понатаму ќе биде под старателство на својот татко Џејми Спирс, кој веќе 13 години има старателство над неа. Пејачката неодамна се обиде да се избори за укинување на старателството, но тоа заврши без успех.

Нејзината мајка сега за странските медуми за првпат го искоментира случајот,  а Бритни наводно вечерта пред сведочењето ја повикала полицијата и пријавила злоставување во старателството.

Лин Спирс (66) наводно низ шепот разговарала со новинар, за другите членови на семејството не ја слушнат дека разговара:

„Измешани ми се чувствата околу сево ова, не знам што да мислам. Сè е исполнето со многу болка и грижи“ - вели таа, пишува „The New Yorker“.

Лин и Џејми израснале заедно, а бракот уште од почетокот им бил проблематичен.

Наводно прво предале документи за развод и потоа ги повлекне, а Џејми се борел со алкохолизмот. Во 2004 година конечно се развеле, а Бритни тогаш изјавила дека тоа е најдобрата работа која можела да ѝ се случи на нејзиното семејство, по една година несреќен брак.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: