Мајката на Кика Ѓукиќ реагираше по смртта на Младен: Доживотен затвор за скотовите кои го објавиле видеото од бензиската станица
Мајката на починатата јутјубер Кика Ѓуриќ, Наташа, регираше на социјалните мрежи поради тажниот случај на Младен Д. (22), момчето од Лакташи, кој поради сајбер насилство крена рака на себе.
По оваа страшна трагедија реагираа многумина, а Наташа се огласи за да апелира на јавноста со желба да се стави крај на сајбер насилството.
Наташа ја спомена и својата ќерка Кика, јутјуберката која исто така помина низ страшен период во текот на својот живот, исто така поради сајбер насилство.
„И Кика беше исмејувана и прогонувана во 2019 и 2020 година, но благодарение на Бог успеа да се избори со тоа, што не беше случај со Младен. Поради видеото сите го навредуваа и детето крена рака на себе“ - кажа Наташа.
„Поради овие два скота од бензиската пумпа, кои го објавија видеото и поради кои сите го понижуваа и навредуваа, детето крена рака на себе. Сѐ што би кажала е дека 10 години затвор е малку за ова. За таквите скотови треба доживотен затвор“ - кажа Наташа.
За потсетување, момчето Младен Д. беше измејувано заради пополнувањето на пријавата за работа на една бензинска пумпа во неговото место на живеење. Видеото со денови се споделуваше на социјалните мрежи, а момчето по јавното понижување изврши самоубиство.
фото: Фејсбук / Јутјуб