Мајли Сајрус и Пит Дејвидсон открија: Имавме исти тетоважи, тоа беа мачни времиња
Дејвидсон веднаш му испратил порака на својот тату мајстор да дојде во Центар Рокфелер, каде и снимале. Се појавил за кратко со игли и трајно мастило.
Пејачката Мајли Сајрус (29) и комичарот Пит Дејвидсон (28) гостуваа во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, а тема беше новогодишниот специјал кој ќе го водат заедно. Пејачката во таа прилика се потсети на нивниот заеднички спот, кој воедно им бил повод за заедничко тетовирање.
„Бевме облечени како бебиња, сѐ изгледаше забавно и убаво“ - се присети Сајрус.
„Тоа беше многу мрачно време во нашите животи“ - се пошегува Дејвидсон.
Легендарниот, сега веќе покоен, американски телевизиски и радиски водител Лари Кинг (88) исто така учествувал во спотот со Мајли и Пит и бил прилично изненаден од нивните изглед.
„Што се случува овде?“ - прашал Кинг на доаѓањето на сетот за спотот.
„Ние сме бебиња“ - му одговорила тогаш Сајрус и додала дкеа од некоја причина, Пит и таа се погледнале и добиле идеја дека тоа би било одлична тетоважа.
Дејвидсон веднаш му испратил порака на својот тату мајстор да дојде во Центар Рокфелер, а тој пристигнал за брзо.
„И пред да притисне „испрати“, типот беше таму со игли и трајно мастило“ - се присети Мајли.
На крајот ја покажа својата тетоважа на стапалото, само за да открие дека Дејвидсон ја нема.
„Јас својата ја запалив, а ти ја имаш својата“ - кажа тој, покажувајќи ѝ го зглобот.
фото: Instagram/@mileycyrus