Мајли Сајрус или Лепа Брена: Најновите фотки на светски познатата ѕвезда ги збунија нејзините обожаватели од Балканот?
Пејачката Мајли Сајрус неодамна имаше настап на фестивал во Тексас, а љубителите на нејзината музика од Балканот го коментираат нејзиниот стајлинг.
Таа за оваа прилика носеше розов комбинезон и со руса коса, со што обожавателите ги потсети на Лепа Брена од младоста.
Ова не е првпат овие две пејачки да се споредуваат, па така и Брена пред неколку години објави фотографии на кои Мајли носи нешто што таа го носела неколку години пред неа.
Што е заедничко на музичкиот фестивал во Тексас и филмот „Хајде да се волимо“? Пејачките. Иако нивните жанрови во музиката немаат врска еден со друг, најновите фотографии на Мајли, обожавателите од Балканот мораа да ги погледнат два пати за сфатат која пејачка е на фотографијата.
Извесно е дека Мајли не ја знае Брена, но нивните стилисти сигурно имаат ист вкус, па затоа и често се случува контроверзната пејачка да облече нешто што фолк пејачката го носела годинини наназад.
Исто така, во 2011 години Лепа Брена направи неколку фотографии на кои позира со сребрена перика во проѕирен комбинезон со парчиња кристали, а скоро идентичен аутфит имаше и младата ѕвезда Мајли Сајрус, која ја одбра за еден настан во 2014 година.