Македонија и светот денеска во едночасовен еколошки мрак!

Македонија и светот денеска во едночасовен еколошки мрак!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Денеска, Часот на планетата Земја ќе се солидаризира со милионите граѓани ширум светот и низ овие кризни времиња ќе испрати порака за да слушне гласот на индивидуалците!

Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час ќе испратат порака за спас на планетата Земја, заеднички да ги промениме климатските промени, но и да ги освестиме луѓето за проблемот поврзан со намалување на биодиверзитетот!

Во моменти кога целиот свет се обединува во борба против уништувањето, без разлика дали се тоа смртоносни вируси, или пак климатските промени, Часот на планетата Земја ги повикува своите поддржувачи виртуелно да се приклучат кон акцијата оваа година и да ги исклучат светилките во своите домови.

„Сочувствуваме со фамилиите на оние кои ги загубија животите од вирусот Ковид-19 и мислите ни се со илјадниците болни ширум светот. Во овој момент на криза, мора да се обединиме повеќе од било кога за да ја загарантираме нашата иднина и иднината на нашата планета. Сега е време на солидарност и време да одговориме на предизвиците покреативно. Ве повикуваме на обединување во едночасовниот мрак за да испратиме порака за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации!“ – вели Марко Ломбертини, извршен директор на Светскиот фонд за природа.

@EarthHourMK на Instagram, @EarthHourMK на Facebook и @EarthHourMK на Твитер.

На инстаграм профил @earthhourmk,  ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите Нексттајм, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други.

„Инстаграм Лајв“ сесијата ќе започне во 20 часот, додека светилките ќе ги исклучиме во 20:30 часот, а во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: