Македонија вечерва навива: Марија Груевска и Мите Стоилков се борат за влез во финалето на „Ѕвездите на Гранд“
Вечерва во вонреден термин ќе се емитува полуфиналето од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Имено, со почетокот во 22:00 часот ќе започне претпоследната емисија од сезоната која траеше цели две години.
Во полуфиналето ќе настапат 24 натпреваручи, од кои само 12 ќе се пласираат во финалето и ќе се борат за првото место, односно за титулата „Ѕвезда на Гранд“.
Помеѓу нив, оваа година има двајца Македонци - Марија Груевска и Мите Стоилков.
Мите во шоуто беше уште од самиот старт, додека Марија се приклучи подоцна, по кратката пауза, која ја направија поради пандемијата на коронавирус.
Стоилков оваа сезона стана позабележителен во последните емисии, која го промени својот имиџ и доживеа потполна трансформација, додека Груевска ќе остане запаметена по своите ексцентрични настапи, на кои се воодушевуваше дури и пејачката Јелена Карлеуша.
Дали ќе успеат да се пласираат во финалето и како ќе се претстават на големата сцена на „Гранд“, останува да видиме во текот на вечерта.