Македонската Хурем султанка: Сестрата на Лазаров доби улога во турска серија (ВИДЕО)
Јутјуберот е особено горд на својата сестра...
Еден од најпознатите македонски јутјубери, Стефан Лазаров често ги споделува успесите на многу талентирани личности од Македонија, а овој пат тоа го направи за една од најважните луѓе во неговиот живот.
Имено, една цела објава ѝ посвети на неговата сестра, Марија Лазарова, на која е особено горд, а причината за тоа е нејзиниот голем успех. Доколку не знаевте, Марија е професионален шминка, но освен ова, нејзина најголема љубов е глумата.
Дека го следи својот сон говори и фактот што моментално е студира глума, а дека добро ѝ оди во ова, говори и фактот што доби неколку улоги во познатата турска серија „Balkan Ninisi“.
Поради нејзината боја на коса, и самиот јутјубер потврди дека личи на Хурем Султан, а доколку не верувате, погледнете го видеото во продолжение и уверете се самите:
„Многу сум горд на неа, и знам дека е само мал почеток во нејзината кариера. Н,о исто така и голема мотивација.. Марија… нема граници повеќе за тебе. Направи ја Македонија горда на светски рамки“ - напиша во описот на видеото гордиот брат.
фото: Принтскрин / Инстаграм