Македонската натпреварувачка е дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“: Валери ја откри причината
Валери Димовска, македонската натпреварувачка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ потврди дека е дисквалификувана од натпреварувањето поради тоа што не се појавила на снимањето на емисијата поради болест.
24-годишната скопјанка, вели дека за неа натпреварувањето завршило по вториот круг, но дека повторно ќе се пријави следната сезона.
„Бев болна кога се снимаше третиот круг и затоа сум дисквалификувана, бидејќи не можев да се појавам на снимањето. Следната години ќе се пријавам повторно“ - откри Валери за порталот „Нема забрањених“.
Инаку, нејзин ментор во натпреварувањето беше Ѓорѓе Давид, кој изминатиот викенд беше во Македонија, па ја искористи можноста да ја види и дисквалификуваната натпреварувачка.
„Со мојата Валери сè уште боледувам поради нејзиното заминување од шоуто поради болест. Но, таа е совршен пејач, те чекаме следната сезона“ - ѝ порача на својот Инстаграм профил Ѓорѓе Давид.
фото: Инстаграм