Македонски Телеком ја заврши 2021 година со раст и развој на мрежата со најнови технологии

Македонски Телеком ја заврши 2021 година со раст и развој на мрежата со најнови технологии

Објавена во: После „Школо“ // PR

Македонски Телеком ја заврши годината со раст и успешно работење во сите сегменти, како што покажуваат и финансиските резултати за 2021 година.Приходите од продажбата се зголемени за 1,2 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 11.216 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 7,2 проценти во споредба со претходната година.

Ширење на 5мрежата и оптичката мрежа

Македонски Телеком ја обележа 2021 годинa со инвестиции во најновите технологии и стратешко градење на мрежата од петтата генерација - 5G и оптичката мрежа. На крајот од годината, 13 градови  се целосно подготвени за5G. Паралелно продолжуваат и инвестициите во оптичката мрежа, а бројот на оптички пристапи во земјатае зголемен за 12 проценти во споредба со претходната година. Повеќе од 246 илјади корисници имаат пристап до оптика и се планира овој тренд да продолжии во наредните години.

Повторно лидери на ТВ пазарот

Македонски Телеком го задржа лидерството на ТВ пазарот со удел од 34,5 проценти. Уникатното ТВ искуство и постојаното збогатување на содржинитена MaxTV придонесоа за зголемување на бројот на корисници на 145,9 илјади или 2,4 проценти во споредба со претходната година.

Интернет, мобилни и фиксни услуги
Позитивни резултати и раст се бележат и во сегментите: интернет, мобилни и фиксни услуги. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,2 проценти, како и интернет пристапот за 3 проценти во споредба со 2020 година. Вкупниот број на корисници изнесува 197,3 илјади со удел на пазарот од 49,8 проценти. Во фиксната телефонија остануваме на лидерската позиција со удел од 62,5% и 224 илјади корисници, што претставува зголемување на бројот на корисници за 1,3 проценти. 

Во мобилната телефонија, бројот на корисници е зголемен за дури 10 проценти и изнесува 1.215 илјади, со што уделот на пазарот е 48,7 проценти.

Успешните резултати од нашето работење се потврда и поттик да продолжиме со  инвестиции во најнапредната технологија и најдобри услуги за корисниците.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: