Мала Жаде: Ќерката на Тамара Тодевска го совлада ориенталниот танц и ги освои сите

Мала Жаде: Ќерката на Тамара Тодевска го совлада ориенталниот танц и ги освои сите

На почетокот на годината, пејачката Тамара Тодевска ѝ направи Инстаграм профил на нејзината ќеркичка Хана, на кој постојано споделува фотографии од најновите авантури на својата прва среќа.

Профилот со назив ДневнаДозаХана за неполн месец има повеќе од 4.000 следбеници, кои според коментарите навистина уживаат во лудириите кои Хана ги изведува.

Последна во низата објави е видеото на кое Хана покажа дека ги има совладано и ориенталните танци. Во облека прикладна за изведување на овие танци Хана собра безброј лајкови и позитивни коментари за својот перформанс.



Можеби ќе ве интересира: