Малата Бјанка израсна во вистинска убавица: Наследничката на Жан Клод ван Дам остава без зборови
Жан Клод ван Дам беше еден од најпопуларните актери во акционите филмови од 90 - тите години, а иако за неколку месеци ќе наполни 60 години, актерот и понатаму може да се пофали со неверојатната форма.
На неговите сетови израснаа неговата ќерка Бриџит и синот Кристофер, а убавицата Бри денес гордо чекори по стапките на својот татко.
Бјанка Бри, првпат во јавноста се појави со својот татко и брат на премиера на филм пред неколку години. Денес има 29 години и веќе долги години се занимава со спорт, особено со фитнес, што може да забележи и по нејзиното тело.
Медиумите пишуваат дека мажите се плашат, прво поради познатиот тако, потоа поради убаво извајаното тело.
Бјанка имаше неколку епизодични улоги во филмовите на татко ѝ, но често учествувала и во продукцијата.
„Кој вели дека во денешно време не е можно да се биде во прекрасна кондиција? Со својот пример сакам да им покажам на младите девојки дека е многу важно да се биде силна жена во добра форма, отколку слаба жена. Исто така верува дека ова е важно и за самодовербата, особено кај девојките кои сега се градат“ - истакнува Бјанка.