Малата Индијанка од фотката денес е една од најпознатите пејачки на Балканот: Може ли да погодите за која станува збор?
Темните очи и црната коса дали ве потсеќаат на некој?
Малата Индијанка на фотографијата е единствената пејачка која ја донесе Евровизија во Србија.
На Инстаграм профилот посветен на познатата пејачка се појави фотографија на која е како мало девојче, очигледно на некој маскембал, бидејќи околу главата има лента и шари на лицето како Индијанка.
Да, како што претпоставивте, тоа е Марија Шерифовиќ. Нејзините обожаватели се навистина воодушевени од тоа како изгледала како мало, а коментарите под фотографијата го докажуваат тоа:
„Како мала Индијанка, преслатка“, „Прекрасна“, „Иста како мајка ѝ“, „Секогаш била и остана посебна“.
Марија денес има сосема поинаков стил и веќе одамна не можеме да ја видиме со долга коса.