Малата Лилибет конечно се најде на листата за наследство: Таа е осма по ред, но во овој случај ќе добие пониско место
Додека Арчи, првото дете на Меган Маркл и принцот Хари по само 7 дена од раѓањето беше додадено на листата за наследство, Лилибет за тоа мораше да чека 7 недели...
Принцот Хари и Меган Маркл на почетокот на јуни станаа родители на уште едно дете - ќеркичката Лилибет Дајана.
Иако се мислеше дека новото бебе во кралското семејство ќе ги закопа воените секири, тоа не се случи. Напротив.
Не само што се зборуваше дека малата Лилибет ќе остане без титула, туку и мораше да чека дури 7 недели за да биде вброена во листата за наследство, додека нејзиниот постар брат Арчи на оваа листа се најде само една недела по раѓањето.
Токму по поради оваа приказна пред неколку дена се огласи англискиот водител Крис Шип, додека гостуваше на подкастот „Royal Rota“, а пренесува „Mirror“.
„Морам да се запрашам зошто им требаше толку долго. Едноставно, требаше да направат само нов примерок и да го променат бројот, што сигурно го правеле и порано. Ако ништо друго, тоа го направија за Арчи“ - изјави Шип.
Два дена по тие изјави, кои го привлекоа вниманието на медиумите на официјалната страница на кралското семејство „royal.uk“, Лилибет беше додадена на листата.
На листата се наоѓа на 8-мото место, зад својот постар брат Арчи, татко ѝ, дедо ѝ принцот Чарлс, како и чичко ѝ, принцот Вилијам и неговите деца. Во случај Вилијам да добие уште деца или ако неговите деца станат родители, Хари, Арчи и Лили ќе се симнат неколку броеви подоле.
Последните промени во Законот за наследувањето се воведени во 2013 година, а стапија на сила во 2015 година, а се однесуваа на сите деца родени по 28 октомври 2011 година. Со таа промена се укина првенството на машките наследници и сега кралските деца се подредуваат според датумите на раѓање.