„Малата сирена“ со филмска адаптација: Дизни изненади со изборот на актерка за улогата на Ариел!

„Малата сирена“ со филмска адаптација: Дизни изненади со изборот на актерка за улогата на Ариел!

Објавена во: Stars // Филм

Дизни најави уште една позната бајка која ќе добие филмска адаптација - „Малата сирена“. Најмногу внимание задржа изборот на главната актерка - некои беа воодушевени, а други никако не може да се помират со изборот на Дизни.

Кога ќе се спомене бајката „Малата сирена“ на сите во глава ви е добро позната сликата на малата сирена од оригиналниот цртан, но за филската адаптација Дизни се одлучи малку да ги размрда работите и направи мала промена. Откако најавија дека не очекува овој филм, објавија и кој ќе ја глуми малата сирена - Хали Бејли. Се работи за R&B пејачката, за која никогаш не би ни текнало дека би можела да биде Ариел.

Режисерот на филмот Роб Маршмал потроши неколку месеци во потрага за Ариел, а Хали од почетокот била пред сите потенцијални кандидатки. Во една објава тој кажа дека токму таа ја има вистинската комбинација на дух, срце, младост и вокални способности - сите квалитети кои се потребни да се одигра оваа улога. Во филмот ќе бидат вклучени и оригиналните песни од класикот од 1989 година (Under the Sea, Part of Your World, Kiss the Girl).

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: