Малата Тара е преслатка: По победата Ноле ги разнежни сите со пораката до ќерката (ФОТО)

Малата Тара е преслатка: По победата Ноле ги разнежни сите со пораката до ќерката (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Најдобриот тенисер на светот по шести пат во кариерата го освои Мастерсот во Париз по голема борба во финалето.

Ѓоковиќ со освојувањето на турнирот во Париз го направи она што никој досега не го направил, а прашање е дали некој од тенисерите ќе може да го повтори успехот на Новак во иднина.

Имено, најдобриот светски тенисер ја освои 37-та титула на мастерсот и со тоа се одвои од Рафаел Надал кој остана на 36 трофеи.

Со победата во полуфиналето против Хуберт Хуркач, Ѓоковиќ го обезбеди првото место до крајот на 2021 година, а ова е седми пат годината да ја заврши како најдобар во светот, кој го надмина својот идол од детството, Пит Сампрас.



Ѓоковиќ ја прослави победата со семејството, а потоа во култната сала Берси им се обрати на навивачите на француски јазик.


Заблагодарувајќи им се на најблиските, Новак ја искористи приликата да и испрати емотивна порака на својата ќерка.

- Те сакам Тара - рече најдобриот тенисер на светот и ги воодушеви сите присутни.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: