Малиот Михај тетка му го држела во кафез и сурово го мачела, на крајот се самоубил: Правдата стигна по 8 години

Малиот Михај тетка му го држела во кафез и сурово го мачела, на крајот се самоубил: Правдата стигна по 8 години

Објавена во: Совети // Семејство

Го затвориле во метален кафез и го пуштале само кога го носеле на најтешката физичка работа.

Осум години по трагичната смрт на младиот Михај, тинејџер од Романија, полицијата ги осуди неговата тетка и нејзиниот сопруг за брутално малтретирање на младиот роднина цела деценија.

Животната приказна на Михај од Галати ги потресе и најтврдите срца. Неговото детство лесно може да се опише како пекол. Момчето било затворено во кафез, изгладнето и принудено на најтешката можна работа од членовите на неговото потесно семејство.

По десет години мачење, Михај си го одзел животот. Тој беше пронајден обесен на дрво на 24 ноември 2015 година, а дури оваа недела беа осудени неговите роднини кои брутално го малтретираа.

Како дете, Михај живеел со своите родители, кои работеле како надници. Неговата мајка го родила своето трето дете во 2004 година, а истата година татко му тешко се разболел и повеќе не можел да работи.

Тогаш мајката на Михај донела одлука да им го предаде момчето на золвата и нејзиниот сопруг, кои имале стадо овци. Тогаш таа ја запечати неговата судбина.

Тетката и тетинот го чувале момчето како животно

Како што пишуваат романските медиуми, тетката и тетинот го чувале Михај како животно. Го затвориле во метален кафез и го пуштале само кога го носеле на најтешката физичка работа. Исто така, на момчето му давале само онолку храна колку што била потребна за да се одржи во живот.

Бил екстремно неухранет, поради што соседите еднаш ги алармирале властите.

Иако била покрената истрага, таа набрзо била затворена, бидејќи мајката на момчето рекла дека повторно ќе се грижи за него. Но, таа не го сторила тоа и момчето останало кај тетка му.

Михај неколку пати се обидел да побегне, но тетин му секој пат го наоѓал. На крајот го врзале со синџири во барака... Тогаш Михај, кој имал 19 години, решил следниот пат кога ќе успее да побегне, да стави крај на маките.

Тетката набрзо била обвинета за убиство со умисла и злоупотреба на малолетник.

По речиси осум години од смртта на Михај, пресудата дојде. Тетката е осудена на 6 години и 11 месеци затвор, додека тетинот ќе помине 8 години и 8 месеци зад решетки.

Друг маж, кој бил свесен за случајот и не направил ништо за да му помогне на момчето, е осуден на две години затвор. Неговиот идентитет не е објавен.

Исто така, не се знае дали таткото и мајката се казнети.


ФОТО: Илустрација/фрипик

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: