Малку необична реакција: Скарлет Јохансон откри како нејзината 7-годишна ќерка го прифатила помалиот брат

Малку необична реакција: Скарлет Јохансон откри како нејзината 7-годишна ќерка го прифатила помалиот брат

Објавена во: Совети // Семејство

Откако го роди синот Космо во август, Скарлет Јохансон се држеше подалеку од очите на јавноста. Познатата актерка времето го поминува навикнувајќи се на новиот живот со синот, сопругот Колин Јоста и 7-годишната ќерка Роуз.

Со оглед на тоа дека последните четири месеци ги помина исклучиво како мајка на две деца, Јохансон сепак одлучи да ја почести јавноста со новостите за животот со новиот член во семејството.

Во разговор со Елен Деџенерис во „The Ellen Show“ го промовираше новито филм „Sing 2“, но и со познатата водителка разговара за своите деца.

„Сака ли Роуз да има помал брат?“ - ја праша Деџенерис, а одговорот на Скарлет беше смешен: „Хм... Би кажала дека е прилично резервирана по тоа прашање. Што е добра работа.“

Ѕвездата на „Црната вдовица“ кажа како Роуз, која ја доби во бракот со поранешниот сопруг Ромен Доријак, реагирала кога го видела својот помлад брат.

„Дојде дома и не престана да зборува. И морам да потсетам „Еј, поздрави го својот брат“, на што таа ми вели „О, мој Боже колку е сладок“ и потоа си продолжи да си зборува. Мислам дека имањето седум години е прилично психоделично искуство“.


Што се однесува до бебето Космо, тоа е пред голем пресврт. „Штотуку ги откри своите стапала. Тоа му е најдоброто нешто досега“ - кажа Јохансон.

Гордата мајка додаде дека веќе гледа колку личноста на нејзиното момче се разликува од онаа на ќерка ѝ. „Мислам дека ќе бидат многу различни луѓе. Мојата ќерка навистина сака да биде шеф, не знам од каде го доби тоа и е многу тврдоглава... Тој само ги става нозете во устата. Изгледа прилично опуштено“.

Космо можеби е посекојдневен за разлика од неговата сестра, но тој дефинитивно има понеобично име, толку необично што мајката на Колин Јоста го замолила синот да ја преиспита таа одлука, нудејќи му други опции. Сепак, двојата остана доследна на својата одлука.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: