Мама, баба и бато ја испратија на првиот училиштен ден: Хана официјално го започна своето школување (ФОТО)
Денес некои учениците се враќаат во училишните клупи, некои допрво ќе се запознаат со нив, а една од нив е и ќерката на пејачката Тамара Тодевска.
Имено, овој 1 септември, малата Хана тргнува во прво одделение, и со тоа официјално ќе го започне своето школување.
Фотографии од овој голем ден за неа, на својот Инстаграм профил сподели гордата мајка Тамара, која преку нив откри дека до училишниот двор, покрај неа, Хана ја испратиле и нејзината баба и помало братче.
Првоодделенката за оваа прилика е облечена во жолт долг фустан со принт, кој одлично ја покажува бојата која ја добила за време на летниот одмор. Целата комбинација ја има заокружено со бели патиките и венче.
Ѝ посакуваме многу среќа во изучувањето на буквите и бројките!фото: Принтскрин / Инстаграм