Мама и тато се сакаа и ме добија мене: Ќерката на Беквалац и Данило објави спомени од времето на најголемата љубов на родителите (ВИДЕО)
Иако љубовта на пејачката и ватерполистот не опстана, тие заедно се грижат за наследничката која е горда на нивниот однос, без разлика што живеат одвоени животи.
Пејачката Наташа Беквалац и еден од најпознатите српски ватерполисти Данило Икодиновиќ се венчаа во 2006 година, а од нивната љубов се роди ќерката Хана Икодиновиќ, која неодамна наполни 15 години.
Иако нивната љубов не опстана, Беквалац и Икодиновиќ заедно се грижат за наследничката, а таа е горда на односот на свотие родители, без оглед на тоа што живеат одвоени животи. Хана на социјалната мрежа ТикТок сподели видео кое е направено од неколку фотографии од времето на најголемата љубов на Наташа и Данило.
„Сѐ почна кога мојата мајка го сретнала мојот татко. Тие се сакаа и ме добија мене“ - напиша таа во видеото.
Беквалац неодамна за медиумите откри дека таа и нејзиниот поранешен сопруг по разводот функционираат одлично.
„Дача и јас никогаш не сме биле во подобри односи. Кога ќе се отстрани она што не е добро, нашиот машко-женски однос единствено не беше добар, сѐ останато е добро, тогаш повеќе немаме никакви проблеми. Тој навистина ни е потребен во оваа фаза и има прекрасна сопруга која е полна со разбирање за сето тоа.“