Мама попушти: Ким Кардашијан ѝ дозволи на Норт да користи ТикТок, сега имаат заеднички профил
Ким Кардашијан еднаш веќе ѝ забрани на ќерка ѝ Норт Вест да отвори Јутјуб канал, бидејќи смета дека е прерано за тоа, но изгледа дека девојчето во меѓувреме, по нејзиното мислење, созреало доволно за да има ТикТок профил со мајка си.
Имено, осугодишната Норт сега редовно ќе гледа на ТикТок во друштво на мајка ѝ, а за помалку од 24 часа, тие две успеаја да дојдат до 130.000 следбеници. Девојките досега веќе имаат скоро два милиони следбеници и скоро десет милиони лајкови, а имаат објавено повеќе од 20 видеа за овие неколку дена.
Со оглед на тоа дека се наближуваат новогодишните и божиќните празници и дека го прославија Денот на благодарноста, нивните видеа пред сѐ се од празничен карактер и во весела семејна атмосфера.
@kimandnorth Stuck in the Middle - Tai Verdes