Манекенка предизвика возбуда на Инстаграм: Само што сретнав маж. Ист како Матеј Периш

Манекенка предизвика возбуда на Инстаграм: Само што сретнав маж. Ист како Матеј Периш

Објавена во: Живот // Живот

Наведе дека видела маж многу сличен на Периш, додека стоел пред поранешниот ресторан „Опатија“ и вадел пари од банкомат...

Од исчезнатиот Матеј Периш, на кој му се изгуби секаква трага во Белград, вечерта помеѓу 30 и 31 декември минатата година и понатаму нема трага, а една манекенка од Хрватска предизвика општа возбуда на социјалните мрежи кога објави на Инстаграм дека го видела во Минхен, пренесува „Курир“.

Според пишувањата на Курир, манекенката од Хрватска на Инстаграм стори напишала дека во главниот град на Баварија забележала маж кој, како што тврди е „ист како Матеј“.

„Само што се сретнав со личност која изгледа исто како него, три пати во центарот на Минхен“ - напиша манекенката мислејќи на Матеј Периш.

Таа во истата објава претходно се распрашувала дали некој знае колку е висок Матеј.

„Дечкото кој го сретнав е моја висина, околу 183 сантиметри, можеби и повисок“ - наведе таа.

Наведе дека видела маж многу сличен на Периш додека стоел пред поранешниот ресторан „Опатија“ и дека вадел пари од банкомат.

Ги замоли сите кои знаат колку е висок Матер да ѝ се обратат на Инстаграм.

„Да нема забуни, доколку некој е упатен нека ми пише во приватна порака. За да можам да ги контактирам надлежните органи“ - напиша манекенката чиј идентитет „Курир“ не го објави.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: