Марија Шерифовиќ за најстресниот момент: Посакав да ме нема, но не се виде, зошто тоа е мојата супермоќ

Марија Шерифовиќ за најстресниот момент: Посакав да ме нема, но не се виде, зошто тоа е мојата супермоќ

Објавена во: Stars // Музика

Марија Шерифовиќ е единствената пејачка која ја донесе Евровизија во Србија...

Марија на Евровизија настапи пред 15 години со песната „Молитва“, која и денес е голем хит.

Иако тогаш веќе беше сопственичка на многубројни хитови, заминувањето во Хелсинки како претставничка на Србија, за неа било многу убаво, но и полно со стрес.

„Тогаш ми беше важно само да бидам здрава и во тие три минути на сцената да бидам најдобра што можам“ - кажа Марија во емисијата „Шта сам теби и ко сам себи“.

Сепак, чувството кое го имала по полуфиналната вечер никогаш нема да го заборави.

„Седам сама во собата, прво, умрев од трема, цркнав од трема. Тоа не се виде на сцената, бидејќи тоа е некоја моја супермоќ, но навистина посакав во тој момент да ме нема. Делумно поради нашите луѓе, мојата држава и другите 250 милиони луѓе кои гледаат“ - кажа Марија и додаде:

„Дури откако го изгледав тој настап 30 пати помислив дека можеме да направиме добар пласман“.


Од друга страна, на сцената на финалната вечер, Марија излегла без трема. Иако обложувалниците биле на нејзина страна, таа трпеливо ги чекала гласовите на сите држави.

„Во финалето бев некако подготвена, бев подготвена да победам, мислам дека тоа и се виде“ - објасни пејачката во емисијата „Шта сам теби и ко сам себи“.

Овогодинешен претставник на Евровизија за Србија е Констракта со песната „In Corpore Sano“, која за само 5 дена ги помести сите граници. Овие денови, буквално целито свет бруи за „здравата уметница“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: