Марија Шерифовиќ за новите мерки во Србија: Апелирам дека треба засекогаш да остане вака

Марија Шерифовиќ за новите мерки во Србија: Апелирам дека треба засекогаш да остане вака

Објавена во: Живот // Живот

По повод новодонесените мерки од страна на Владата на Србија, во кои работното време на кафулињата, клубовите, рестораните, обложувалниците и трговските центри се скрати до 18 часот, се огласи и познатаат пејачка Марија Шерифовиќ.

Имено, таа им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи, во кои посочи дека апсолутно се сложува со овие мерки.

„Сакам да изјавам дека овие нови мерки се едно совршенство. Апелирам дека треба вака да остане, убаво, чисто, мирно, тивко, цивилизирано, амин.“  - посочи евровизиската победничка, а потоа додаде:

„Не мислев да остане вака само за време на короната, туку да остане вака доживотно и засекогаш. Можеби не во 18:00, но во 20:00 убаво клуч и сите право дома.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: