Марко е херој: Во чест на Свети Наум Охридски плива неверојатни 30 километри од Охрид до Свети Наум
Кога нешто се сака од срце, и кога тоа се надградува со вежби, а талентот е присутен, исходот секогаш е загарантиран. Ние имаме млади деца кои уште сега се впуштаат во неверојатни подвизи и прават рекорди. Треба да сме неизмерно горди на тоа, да ги поддржиме, наградиме, бидејќи во некои од нив се кријат светски шампиони.
Марко Пејчиновски пред три години, на 12 години го преплива Охридското езеро и покрај здравствените проблеми односно некрозата на ногата, по што стана херој и пример за издржливост, посветеност и љубов.
Тој во 2018 година собра еден куп награди, беше потенциран како херој чии стапки треба да се следат, а неговата желба и вљубеност во водите на македонскиот бисер не застана со тоа. Денеска, тој повторно е во Охридското езеро, пливајќи неверојатни 30 километри од Охрид до Свети Наум и тоа во чест на Свети Наум Охридски, чиј празник се прославува на денешен ден.
Херојот Марко храбро се бори со брановите и сите останати пречки во сината вода, потенцирајќи дека тоа го прави во чест на Исцелителот и Чудотворецот, а за здравје на сите нас.