Маркус и Мартинус не знаат за страв: Од 6 метри висина скокнаа во студена вода
Маркус и Мартинус ги губат следбениците на Инстаграм, но затоа одлично им оди на Јутјуб, каде достигнаа бројка од три милиони следбеници. Како подарок за овој успех, тие објавија ново видео со нова луда авантура.
Имено, момците заминаа на рафтинг на локалната река, а иако е средина на летото, во тие краишта време е исто како во ноември - многу ладно! Идејата за во такви услови некој да дојде во контакт со студената вода, веројатно не ви делува привлечно, но челичните Норвежани изгледа дека тоа не е проблем. Во моментот кога помисливме дека видовме апсолутно се, следуваше најлудниот дел, бидејќи и двајцата се сложија да скокнат во ладната вода од карпата висока шест метри. Иако на почетокот се премислуваа, тоа толку им се допадна што подоцна скокнаа уште неколку пати.
Сепа многу од нивните обожаватели останаа разочарани, бидејќи момците порано објавуваа видеа на своите сториња на Инстаграм за споделат дека нешто подготвуваат, а сега тоа го прават многу ретко. На многумина им се пробуди надеж дека тие конечно ќе го најават одамна најавениот прв сингл од новиот албум, па не им се допадна кога видоа дека тоа не се случи. Сега се плашат дека доцнењето на нова музика може многу да им наштети. Ние сепак се надеваме дека на чекањето до следува крајот, како и дека повторно ќе биде како некогаш.