Мартија на Копаоник, Антониа во проѕирен фустан: Што правеа останатите на Денот на вљубените?

Мартија на Копаоник, Антониа во проѕирен фустан: Што правеа останатите на Денот на вљубените?

Објавена во: Stars // Музика

Вчера сите имаа поводи за славење - некои ја славеа љубовта, други виното, трети пак денот си го посветија на себе и своите желби. Ништо поразлично од ова не беа ниту тин ѕвездите, кои на свој начин го одбележаа 14 февруари.

Младата пејачка Мартија Станојковиќ веќе некој период е на Копаоник, каде што ужива во сите благодети на природата, а најмногу во снежната покривка. Оттаму сподели неколку сториња и фотографии на Инстаграм и на своите следбеници им покажа дека си поминува одлично.

Следна на нашата листа е пејачката Антониа Гиговска. Таа изминатите денови е во Белград, каде што замина поради професионални обврски. Секако, нејзиното момче Иван Јованов ја придружуваше на ова патување, а таму заедно го прославија Денот на вљубените. Посебна романтика немаше, но затоа Антониа своите следбеници ги почести со фотографија на која носи проѕирно фустанче.

Јутјуберот Стефан Лазаров малку ги збуни сите. На денот кога требаше да ја слави љубовта, тој на своите следбеници им постави интересно прашање: Да и раскинам?, секако мислејќи на неговата девојка. Веруваме дека сето ова е шега и дека и Денот на вљубените се потрудил да го прослави на неговиот шеговит начин.

Иако далеку од Македонија и Ања Ветерова го одбележа Денот на вљубените. Во друштво на непознато момче, таа дегустираше слатки задоволства, а покрај видеото кое го сподели на стори напиша:  „Тој ги споделува моите соништа...“

Кога ќе ги собереме и одземеме работите, дефитивно секој еден од нив долго ќе се сеќава на овој ден, како и моментите кои ги доживеал, без разлика покрај кого, каде и како го одбележал Денот на вљубените.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: