Мартија слави роденден: Најемотивната порака ја доби од својата мајка (ФОТО)
Младата пејачка денес наполни 19 години...
Ја запознавме уште како многу мала - од емисијата „Ивце Пивце“, преку „Ѕвездичките на Пинк“, до настапот на Јуниорската Евровизија. Мартија Станојковиќ буквално порасна пред камерите. Со својот талент и харизма го обезбеди своето место на естрадното небо и сега работи на својата кариера.
Од мало срамежливо девојче порасна во вистинска убавица, девојка која ги поставува трендовите и која е инспирација за многу тинеџерки. Имено, Мартија денес наполни 19 години.
По тој повод, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи нејзината мајка, Снежана, која со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на својата најмала наследничка.
„Помина цела една година од твоето полнолетство, се радувам што го сфати животот, сериозно ја сфати одговорноста! Продолжи да работиш на себе, продолжи да се градиш да ги достигнеш сите замислени цели! Те сакам со цело мое срце и душа и гордо стојам позади тебе како твоја најголема поддршка. Биди жива среќо моја“ - напиша гордата мајка на фотографијата.
Инаку, вчеравечер таа го прослави роденденот со најблиските пријатели во еден локал во Скопје, каде точно во 12 часот ги дувна и роденденските свеќички.
фото: Принтскрин / Инстаграм