(ФОТО) Мартија стана тетка: Тадеј е новата радост во семејството
Младата пејачка Мартија Станојковиќ ова лето беше многу актуелна во екот на свадбите. Во своето семејство имаше дури две - на брат и и на сестра и.
По неколку месеци од венчавката на која блескаше, сега Мартија повторно блеска. Таа сподели фотографии на Инста стори во кои откри дека е тетка. Имено, дека нејзиниот брат добил син. Малото момче ќе го носи името Тадеј, а гордата тетка на фотографијата позираше со мајка си и брат и.
А, по овие честитки следуваше и фотографија со новиот член, малиот Тадеј.