Мартин и Стефан од Next Time слават роденден: Фотка од детството, емотивна порака и ветување за публиката

Мартин и Стефан од Next Time слават роденден: Фотка од детството, емотивна порака и ветување за публиката

Објавена во: Stars // Музика

Мартин и Стефан, браќата близнаци кои јавноста ги памети како момчињата од „Златно славејче“ и нумерата “Фудбалер и Кошаркар“ денес слават роденден. 

Тие на музичката сцена се повеќе од 15 години, а во последно време се препознатливи по обработките на стари македонски песни кои ги доближуваат до помладата генерација, но и ја оживуваат традицијата. 

По повод нивниот роденден, испратија емотивна порака, а покрај неа споделија и една фотографија од нивното детство.

„СРЕЌЕН НЕКА НИ Е РОДЕНДЕНОТ!!!

Ви благодариме на сите што не поддржувате, и ни дозволувате да го живееме нашиот сон, а тоа е музиката.

Ние секогаш со најголема љубов ќе продолжиме да ви се одолжуваме за вашата неизмерна поддршка.

Ве сакаат Мартин и Стефан Филиповски (Next Time)“, напишаа на социјалните мрежи славениците.

Новиот албум го посветивме на двете мајки: Некст Тајм

Стефан и Мартин, „Некст Тајм“ : Нема да правиме заедничка свадба

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: