Маша Терзиќ безуспешно се обиде да сокрие: Поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ ќе стане мајка?
Како што пренесуваат медиумите, Маша е пресреќна и едвај чека да стане мајка...
Ќерката на генералниот директор на Црвена ѕвезда и поранешна девојка на Вељко Ражнатовиќ, Маша Терзиќ неодамна доби два прстени од својот избраник и како што пишуваат медиумите наскоро ќе застане на „лудиот камен“.
Како што дознава „story.rs“, Маша наводно е бремена.
Директорот на Црвена ѕвезда, Ѕвездан Терзиќ е пресреќен поради вестите дека неговата ќерка е бремена. Да потсетиме, тој веќе стана дедо пред две години, бидејќи неговиот син Константин Терзиќ стана татко, а сега го очекува и раѓањето на второто дете.
Како што пренесуваат медиумите, изворите велат дека Маша е пресреќна што ќе стане мајка и дека ова сака да го сокрие од сите, а посебно од медиумите.
„Маша во 2020 година започна свој бизнис од кој живее. Сака да биде самостојна, па така од бутикот, кој е во центарот на српската престолнина, живее сосема пристојно. На 26 години на себе може да дозволи многу работи и е многу горда на тоа“ - неодамна откри извор за „Блиц“.