Маша Терзиќ во чизми кои чинат повеќе од 160.000 денари: Дали е најскапиот модел на светот?
Маша Терзиќ објави фотографија во најскапите чизми на светот, поради што „изгореа“ социјалните мрежи...
Маша Терзиќ, ќерката на генералниот директор на „Црвена ѕвезда“, Ѕвездан Терзиќ го украде вниманието на јавноста по врската со Вељко Ражнатовиќ. Во тоа време ги полнеше насловните страници и портали, а потоа одлучи да стане дизајнерка и да се насочи на работата.
Поради тоа наиде на критика од јавноста, па во една прилика се огласи по повод критиките дека креациите ѝ се прескапи.
Бидејќи и самата е активна на социјалните мрежи и често ги носи своите креации, за комбинациите на Маша редовно се зборува. Сепак, кога ќе помислиме дека сме виделе сè, ќерката на Терзиќ се фотографираше во најскапите чизми на светот и направи општ хаос на социјалните мрежи.
Имено, кафениот капут го искомбинира со чизми во иста боја, од брендот „Луј Витон“, а со оглед на тоа што тие припаѓаат на новата колекција, нивната цена изнесува 2.629 евра.
„Подобро да не ги коментирам чизмите“ - гласеше еден коментар, алудирајќи токму на нивната цена.
Ова не е првпат Маша да се пофали со скапа обелека. Медиумите неодамна пишуваа за нејзините чевли кои ги носеше на свадбата на нејзиниот брат Костадин, а чија цена беше исто така многу висока.