Матеј Периш е киднапиран? Детектив детално го анализираше случајот - можни се две сценарија

Матеј Периш е киднапиран? Детектив детално го анализираше случајот - можни се две сценарија

Објавена во: Живот // Живот

Приватниот детектив Браца Здравковиќ изнесе две претпоставки за тоа што се случило онаа кобна ноќ кога во Белград исчезна Матеј Периш за кој и понатаму се трага.

„Матеј Периш најверојатно за време на излегувањето од клубот „Готик“ знаел точно каде оди и со кој треба да се најде. Се појавуваат информации дека тој најверојатно преку социјалните мрежи на својот телефон добил локација и место каде треба да се најде со одредено лице, како и фотографија од објектот каде што треба да оди. Бидејќи сето тоа е водено од апликацијата на „Гугл“, целото негово движење оди преку нивните мапи (google maps“. Како што знаете, „Гугл“ обезбедува три опции за движење за да стигнете до целта. Тој сигурно ја избрал онаа првата, а тоа е движењето по главните улици, бидејќи момчето е првпат во Белград“ - вели Здравковиќ во емисијата „Чудне приче“, која се емитува во рамките на неговиот јутјуб канал.

Според тоа сценарио Матеј излегува од „Готик“ и ја следи мапата.

„И тогаш почнува да трчи. Толку млад организам, тоа е рута која може да се претрчи за седум и пол минути. Трчи покрај Караѓорѓева, доаѓа до Бранковиот мост и запира таксист за најверојатно да го праша каде е ресторанот Саванова, бидејќи мапата му покажувала некои локации кои го бунеле. Можеби сакал и вожња до ресторанот. Тоа не го знаеме. Како и да е, тој доаѓа до ресторанот, трча наоколу за да се увери дека стигнал таму каде што треба. Се симнува на терасата пред ресторанот кој се наоѓа над Сава. Таму го нашол оној кој барал и влегол во чамец“ - вели Здравковиќ.

Тој вели дека досега не размислувал на киднапирање како опција.


„Сега ја зимам неа како една од претпоставките, бидејќи одиме со фактот дека Матеј е жив. И дека отишол во непознат правец со пријателите или дека на сила е однесен во непознат правец“ - кажа Здравковиќ.

Потоа се осврна на друга теорија која се потпира на информациите дека друштвото кое било во „Готик“, а кое дошло од Загреб донело одредена количина на спид во спрската престолнина.

„Тие во „Готик“ зимаат поголема количина на алкохол и наркотици. На Матеј му стигнува порака дека треба да се најде кај ресторанот Саванова. Матеј ја започнува својата маршута со трчање. Најверојатно дејството на спидот допринело тој да го претрчи тоа без напор. Доаѓа до терасата од ресторанот, ја отвора фотографијата на телефонот, гледа дека е на договореното место, но дека ја нема личноста со која треба да се најде. 

По оваа претпоставка тој се фрла во Сава. Телефонот го става во џеб и скокнува во водата. Зошто го прави тоа? Според неофицијалните информации Периш имал навика и во Сплит по пијанство да излезе од објектот во кој бил, да истрчи за него одредена километража, а потоа да се фрли во вода за да се освежи. Можеби под влијание на алкохолот и спидот во еден момент не направил разлика помеѓу морето и Сава - Сава која е многу поопасна од морската вода“ - додаде Здравковиќ.


фото: Alo Printskrin

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: