Матеј Периш се весели и забавува со друштвото: Исплива уште едно видео од „Готик“

Матеј Периш се весели и забавува со друштвото: Исплива уште едно видео од „Готик“

Објавена во: Живот // Живот

На видеото јасно се гледа како Матеј се забавува, без никој да насети каков хорор се подготвува...

Младиот Матеј Периш од Сплит исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 јануари во Белград, а последен пат е виден во халата Бетон. Потрага за него трае повеќе од три недели, а коцките околу исчезнувањето на Периш и понатаму се може да се склопат.

Таа вечер кога исчезна само неколку часа претходно е виден во познатиот белградски клуб „Готин“, на настапот на Елена Китиќ.

На видеото јасно се гледа како се забавува Матеј, без никој да претпостави каков хорор се подготвува. 


Полицијата од технички причини не може да дојде до комуникацијата која Матеј ја имал ноќта пред исчезнувањето. Тоа пред сѐ се однесува на комуникацијата која можел да ја преку разните апликации за разговор и допишување во ноќта кога исчезнал.

Кога би бил пронајден телефонот, податоците би можеле полесно да се вратат и тоа директно од него. Токму телефонот на Периш внесе забуна во случајот на истрагата, бидејќи се поставува прашањето како е можно уредот да испушта сигнал два и пол часа откако Матеј е виден последен пат, ако се претпоставува дека бил во вода. Произведувачот на апаратот истакна дека тоа не е можно.

Се смета дека тој би можел да биде клучен во разрешувањето на мистеријата за исчезнувањето на Матеј.

Неговиот татко, Ненад Периш исто така кажа дека и понатаму го мачи прашањето околу тоа што се случило со телефонот. Кажа дека Матеј имал нов мобилен телефон, кој има можност да биде во вода до половина час.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: