Математичка задача која го збуни Интернетот: Никој не е сигурен како се решава

Математичка задача која го збуни Интернетот: Никој не е сигурен како се решава

Објавена во: Совети // School zone

Знаеш ли ти? Изгледа едноставно, но...

Постојано на социјалните мрежи се појавува некоја наизглед едноставна задача за која сме 100% сигурни дека ја знаеме, но потоа излегува дека не знаеме да ја решиме. Луѓето се делат во две групи и настапува потполен хаос. Сега тоа се случи со една прелесна математичка задача која би требало сите да знаат да ја решат без проблем.

Сепак, само затоа што сите би требало да знаеме да ја решиме без проблем, не значи дека навистина и знаеме. Дури и оние кои мислат дека знаат, започнаа да се сомневаат во себе. Задачата ја сподели еден корисник на Твитер, а пред да погледнеш каде е проблемот и што е тоа што ги збунува луѓето, обиди се да ја решиш.


Изгледа лесно на прв поглед, нели? Но, потоа започнува и објаснувањето и делењето на луѓето на две групи. Едните тврдат дека точниот резултат е 1, а други тврдат дека резутатот е 16. Оние кои тврдат дека е 1 се водеа по следната логика: најпрво ги собраа броевите во заградата, потоа тој број го помножија со бројот пред заградата, добивајќи го бројот 8 и на крајот ги поделија броевите 8 и 8 и го добија резултатот. И тоа има смила, бидејќи на училиште не учат дека најпрво се множи и дели, а дури потоа се собира и одзема.

Но, потоа се појавија луѓе кои тврдат дека резултатот е 16. Нивното објаснување е дека е без оглед на тоа по кој редослед ќе ги решаваш математичките операции, резултатот ќе ти биде 16. Тие задачата ја решаваа од лево кон десно, по ред: најпрво ги поделија 8 и 2, а потоа ги собраа броевите во заградата, а на крајот ги помножија двата резултати. Тие се уверени дека правилно е секогаш да се оди од лево кон десно, без оглед на тоа дали е во прашање множење и делење или собирање и одземање.

Кога целата ситуација ескалираше, се јави и личноста која ја сподели задачата на Твитер, која исто така посочи дека точниот одговор е 16. Таа личност објасни дека по правилниот редослед прво оди множењето и делењето, но дека не постои правило кое кажува кое од тие две одат најпрво. Понатаму објаснува дека најпрво се делат броевите од лево, а потоа се множат со броевите во заградата. Со првата операција се добива бројот 4, а од броевите во заградата исто така се добива бројот 4 и така се доаѓа до бројот 16.

Кој број го добивте вие? 1 или 16?

фото: Shutterstock

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: