Ме гледаше во очи, мислев ќе се врати: Мајли Сајрус тврди дека видела вонземјанин
Контроверзната пејачка и актерка Мајли Сајрус тврди дека имала контакт со вонземјанин и дека тоа искуство било толку вознемирувачко што со денови не можела да гледа во небото.
Во разговорот за магазинот „Интервју“, Сајрус вели дека имала искуство со вонземјанин и опиша дека кога некогаш се возела низ Сан Бернардино со пријател „некое НЛО ја бркало“.
„Прилично сум сигурна во она што го видов, но купив и „трева“ од едно момче во комбе, па можно е да е од тоа“ - изјави таа, пренесува Indy100.
Таа тогаш објасни како изгледал тој НЛО и дека „блескал жолто“. Наведе и дека нејзиниот пријател исто така го видел, како и некои луѓе од други автомобили.
Наведе и дека воспоставила контакт со очите со вонземјанинот.
„Ме погледна и воспоставивме конктакт со очите и тоа е она што особено ме шокираше, гледајќи нешто во очите на нешто што не можам да си објаснам што е. Се тресен околу пет дена. Тоа потполно ме уништи. Не можев повеќе да гледам во небото со исти очи. Мислев дека би можело да се врати“ - заклучи пејачката.