„Медена земја“ изгуби од „Паразит“ кој ги собра сите Оскари
Вечеравечер се одржува 92- то издание на Оскарите. Македонскиот документарен филм „Медена земја“ беше номиниран во две категории - една за Најдобар документарен филм, а другата за Најдобар странски филм. За жал, „Медена земја“ не освои ниту еден Оскар, но уште со номинациите испиша историја.
На овогодишното доделува на Оскарите филмот „Паразит“ се закити со најмногу награди и тоа за: Најдобар филм, Најдобар странски филм, Најдобра режија и Најдобро оригинално сценарио. Воедно „Паразит“ е прв филм во историјата на Оскарите кој добил Оскар за Најдобар филм, а е од друго јазично подрачје.
А, вие доколку не издржавте да ја изгледате оваа филмска манифестација во продолжение погледнете ја целата листа на добитници.
# Најдобар документарен филм - „Американска фабрика“
# Најдобар странски филм - „Паразит“
# Најдобар филм - „Паразит“
# Најдобра женска главна улога - Рене Зелвегер за улогата во „Џуди“
# Најдобра машка главна улога - Хоакин Феникс за улогата во „Џокер“
# Најдобра женска споредна улога - Лаура Дерн за улогата во „Брачна приказна“
# Најдобра машка споредна улога - Бред Пит за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“
# Најдобар режисер - Бонг Џун Хо за „Паразит“
# Најдобар анимиран филм - „Приказната за играчките 4“
# Најдобар краток анимиран филм - „Љубов кон косата“ (Метју А. Чери)
# Најдобро адаптирано сценарио - „Зајакот Џоџо“ (Таика Вајтити)
# Најдобро оригинално сценарио - „Паразит“ (Бонг Џун Хо и Хан Џин Вон)
# Најдобра кинематографија - „1917“ (Роџер Дикинс)
# Најдобар краток документарен филм - „Учење на скејтање во воена зона“
# Најдобар краток филм - „Прозорецот на соседите“ (Маршал Кари)
# Најдобро филмско едитирање - „Форд V Ферари“ (Мајкл Меккаскер и Ендру Бакленд)
# Најдобро звучно едитирање - „Форд V Ферари“ (Дон Силвистер)
# Најдобар звучен микс - „1917“ (Марк Тејлор и Стјуард Вилсон)
# Најдобар продукциски дизајн - „Си беше еднаш во Холивуд“ (Барбара Линг и Ненси Хај)
# Најдобра филмска музика - „Џокер“ (Хилдур Гуднадотир)
# Најдобра филмска песна - „I'm Gonna Love Me Again“ од „Рокетмен“ (Елтон Џон и Берни Топин)
# Најдобра шминка и фризура - „Бомба“ (Казу Хиро, Ен Морган и Вивиан Бејкер)
# Најдобар костим - „Малите жени“ (Џаклин Дуран)
# Најдобри визуелни ефекти - „1917“ (Гијом Рошерон, Грег Батлер и Доминик Туи)