Меган Фокс - најубава жена во светот, доби неверојатна конкуренција

Меган Фокс - најубава жена во светот, доби неверојатна конкуренција

Објавена во: Stars // Филм

Холивудската актерка Меган Фокс многумина ја сметаат за една од најубавите жени во светот. Виткото тело, светлите очи и црната коса се заштитен знак на актерката, но сепак постои една дама која по изгледот вешто и конкурира.

Глаудија Аленде е Инстаграм модел, а се проби благодарејќи на својата неверојатна сличност со актерката Меган Фокс. Бујните облини, долгата коса и неверојатно сличните очи и црти на лицето на Клаудија ја лансираа со светот на моделингот.

Преубавата Бразилка има 25 години и живее во Парана. Со само 19 години се пријавила за изборот Miss Bum Bum во Бразил. Иако не ја освоила престижната титула, преку ноќ станала интернет сензација.

Сличноста е толку голема, што многу списанија ја ангажирале да ја сликаат во провокативно издание и потоа фотографиите ги презентирале како на нив да е познатата актерка. Навистина не може да се одрече дека двете дами наликуваат една на друга, но Клаудија гордо истакнува дека на неа, за разлика од Меган, се е природно.



Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: