Меган Фокс и Машин Ган Кели се споија со синџири на црвениот килим: Couple goals или желба за внимание?
Ова е една од најлудите двојки во светот на познатите...
Тие двајца понекогаш навистина се луди и луѓето изгледа ги обожуваат поради тоа. Вистински доказ дека љубовта понекогаш не прави и малку чудни. Откако пред неколку дена Машин Ган Кели заврши во болница, бидејќи скоро си заби нож во главата за да ја воодушеви Меган Фокс, сега сите зборуваат за нивниот изглед на црвениот килим.
Изгледа дека Машин и Меган не планираат да се одвојат еден од друг. Или барем тоа не им било план за овој настан на чиј црвен килим се појавија. Станува збор за претставување на брендот за лак за нокти на Машин, а секако дека тука тие двајца мораше да се појават со некој маникир кој ги остави сите без зборови. Дефинитивно беше поинаков од сѐ она што сме виделе досега. На црвениот килим беа врзани со синџири, т.е. нивните нотки беа врзани.
Освен тоа, имаа и нокти во истата тематика, а овој пат им беа обоени во розова боја. Машин веќе им даде на сите до знење дека сака да прави лудории со своите нокти, но да се спојат меѓусебно со синџири не е нешто што некој го очекуваше. Двајцата на ноктот на малиот прст имаа мал прстен низ кој имаа провлечено синџир, објасни козметичарката која им го направила маникирот, пишува „BuzzFeed“.
Од глава до петици комбинациите им беа координирани, а синџирот кој ги спојуваше беше само шлаг на тортата. Дефинитивно чудна идеја која само тие двајца може да ја износат. Би можела ли и ти да одиш вака со момчето низ град?