Меган и Хари сериозно размислуваат за второ бебе?
По големите драми, приказните за кавгите и несогласувањата со остатокот од кралското семејство, еве и некои убави вести за Меган Маркл и принцот Хари. US Weekly пишува дека Меган и Хари се надеваат дека во 2020 година ќе добијат уште еден дете, изворот близок на парот изјавил дека „нивниото семејство моментално им е најголем приоритет“ - јавува Cosmopolitan.
Но, како воопшто се сите прилично уверени дека Меган и Хари сериозно размислуваат за второ бебе?
Прво неодамна се појавија на настан кој го организираа жените на војниците во Windsor, а Хари таму изјави нешто многу интересно.
„Хари беше многу заинтересиран и сакаше да знае како се менуваат семејствата по второто дете, па пробавме да го охрабриме дека и тој (и Меган) сериозно да размисли за второ бебе“ - изјавува една од жените кои учестуваа, Susie Stringfellow.
Хари, исто така во разговор со д-р. Jane Goodall за Вог изјави дека сака да има барем „две деца“.
Имаше уште неколку јавни моменти во кои принцот Хари и Меган покажаа желба за второ дете, но дали навистина ќе се одлучат за бебе следната година и дали во 2020 година ќе го прошират семејството, останува да видиме...