Меган Маркл и принцот Хари кај брачен терапевт: Кавгите се почести, ова е причината
Доколку терапијата за парови нема ефект, бракот на војводата и војвотката од Сасекс, според мислењето на многумина, нема да трае уште долго...
Гласините за брачна криза меѓу Меган Маркл и принцот Хари траат веќе некое време, но сега шпекулациите се значително засилени.
Имено, таблоидот „National Enquirer“ тврди дека принцот Хари успеал да ја убеди сопругата да оди со него на терапија за парови.
Изворот открил дека принцот Хари почнува да жали за својата одлука да започне живот во Америка, далеку од неговото семејство. Тој се чувствува како затвореник во неговиот дом вреден 14 милиони долари во Санта Барбара.
„Тој стравува дека направил страшна грешка, но Меган му нареди да се повлече и да ја искористи оваа можност, која еднаш се појавува во животот и да се оддалечи од сенката на задушувачката монархија и да сврти милиони истовремено“ - рече изворот, додавајќи дека кавгите меѓу војводата и војвотката од Сасекс се засилија непосредно пред празниците кога Хари и кажа на Меган дека се чувствува носталгично.
Тој исто така и раскажа дека се чувствува виновен што ги напуштил своите баба и дедо, како и брат му Вилијам.
Сепак, војвотката од Сасекс навистина не се грижи за ништо, но сепак се согласи да оди на терапија за парови со нејзиниот сопруг.