Меган Маркл и принцот Хари во сорабока со Нетфликс: Наскоро нова анимирана серија?

Меган Маркл и принцот Хари во сорабока со Нетфликс: Наскоро нова анимирана серија?

Објавена во: Stars // Филм

Светски познатата брачна двојка снима анимирана серија...

Меган Маркл, поранешна актерка и позната ѕвезда, а денес војвотката од Сасекс, ќе биде извршен продуцент на серијата што ја снима во соработка со Нетфликс! Во серијата ќе сорабоува и нејзиниот сопруг Хари, а нивната семејна компанија „Archewell Productions“ потпиша мултимилионски договор со Нетфликс за производство на оваа нова серија.

Меган и Хари сега се родители на две деца, Арчи и Лилибет и имаат илјадници обожаватели ширум светот, особено откако се разделија од остатокот на кралското семејство. Јавноста ескалираше по нивната посета на Опра и по обвинувањата од Меган дека постои расизам во кралската палата. Но, тие денес уживаат во „слободата“, надвор од кралската палата, со своите две деца и ја најавуваат својата нова анимирана серија во соработка со Нетфликс, на која Меган ќе биде извршен продуцент.

Серијата е направена од страна на компанијата „Archewell Productions“, која е во сопственост на Меган Маркл и принцот Хари. Анимираната серија ќе се базира на авантурите на 12 - годишна девојка, а нејзиниот лик ќе биде инспириран од влијателни жени од историјата. Нивните обожаватели се воодушевени од најавата на нивната серија и со нетрпение чекаат да почне дистрибуцијата.

фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: