Меган Маркл откри дека го изгубила бебето: Додека му менував пелена на синот, почувствував болка во стомакот

Меган Маркл откри дека го изгубила бебето: Додека му менував пелена на синот, почувствував болка во стомакот

Објавена во: Живот // Живот

Болна исповед...

Меган Маркл денес откри дека го избула бебето кога се преселиле во САД. Војвотката од Сасекс изјави дека го избула своето второ дете, откако почувствувала „остар грч“ во стомакот, додека во јули му менувала пелена на синот Арчи.

Во денешниот Њујорк Тајмс, Меган опиша дека ѝ се слошило додека била во домот во Лос Анџелес.

Како што вели, најтешко ѝ паднало тоа што го гледала принцот Хари како тагува, додека и таа самата се „распаѓала на парчиња“.

„Откако му ја променив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Се спуштив на подот со него во прегратка, пеејќи му приспивна песна која би не смирила и двајцата. Веселата мелодија беше апсолутен контраст на моето чувство дека нешто не е во ред“ - напиша таа.

Во рубриката под назив „Загуби што ги споделуваме“ напиша:

„Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто.“

Меган напиша дека тоа се случило едно јулско утро кое изгледало како и секое друго. Кога се разбудила и ги нахранила кучињата, ја средила облеката на Арчи, а потоа ја врзала косата во коњско опавче. Почнала да му ја менува пелената на Арчи, кога почувствувала силна болка во стомакот.

„Неколку часа подоцна лежев во болничкиот кревет, држејќи го сопругот за така. Ја чувствував топлината на неговата дланка, а тој ми ја бакнуваше раката која беше мокра од нашите солзи. Гледајќи во ладните бели ѕидови, очите ми се застаклија. Се обидов да замислам како ќе се излекуваме“ - заклучи таа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: