Меган Маркл во друштво на заводникот од овие простори: Тогаш таа не беше ѕвезда, а тој најголема

Меган Маркл во друштво на заводникот од овие простори: Тогаш таа не беше ѕвезда, а тој најголема

Уште како тинејџерка била опкружена со познати личности...

Принцот Хари додека растел бил опкружен со познати личности, но и неговата сопруга Меган Маркл - уште пред да ја започне својата актерска кариера во Холивуд - имала можност да запознае голем број познати личности, пишува „Glossy“.

Нејзиниот татко, Томас Маркл, всушност е експерт за осветлување и тој е толку успешен што дури му беше доделена и престижната Еми.

Поради природата на работата на нејзиниот татко, Меган пораснала опкружена со луѓе од шоу - бизнисот, а на снимањето на култната серија „Married... With Children“ се запознала со еден од најуспешните кошаркари на планетата.

Во далечната 1993 година, тогаш 12 - годишната Меган се сретна со Владe Дивац, кој беше гостин во првата епизода од осмата сезона на популарната хумористична серија.

Кели Банди, која ја игра Кристина Алегејт, во споменатата епизода се обиде да го шармира Дивац, кој во тоа време играше за Лејкерс. Пред извесно време на социјалните мрежи се појави фотографија што настанала во таа прилика.

Појавувањето на српскиот спортист во една од најпопуларните ситкомедии од 90 - тоте привлече големо внимание во Америка, а ќерката на еден од мајсторите за осветлување - тогаш 12 - годишната Рејчел Меган Маркл - ја искористи можноста да дојде на сетот и да го запознае Дивац, кој беше една од најголемите светски sвезди во тоа време.

Благодарение на нејзиниот татко, таа беше и на снимањето на легендарната серија „General Hospital“, пишува The Sun.


Можеби ќе ве интересира: