Меган Маркл: „Во 20 – тите постојано се борев со себе“!

Меган Маркл: „Во 20 – тите постојано се борев со себе“!

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако сега е „принцеза“, нејзиниот живот не бил секогаш совршен.

Во стариот пост на својот блог кој веќе не го користи, „The Tig“, Меган се отворила за тоа како нејзините дваесетти години биле најтешките во нејзиниот живот, пренесува Cosmopolitan.

„Имам 33 години. Среќна сум. Тоа го кажувам толку лесно, бидејќи за тоа навистина треба време. За тоа да бидеш среќен. Како да научиш да бидеш добар кон себе. Не само да одлучиш да бидеш среќен, туку и да го чувствуваш тоа... Моите дваесетти беа брутални... константната борба со самата себе, осудувањето на тежината, својот стил, своите желби да бидам кул/тренди/паметна како и сите останати“ – напиша на својот блог Меган.

Освен ова таа напиша и дека колку си постар, толку повеќе ќе научиш да се сакаш себе, па ти поттикна читателите да ја најдат својата среќа.

Послушај го советот на принцезата и поработи на својата сопствена среќа.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: