Меги има две години и е слепа од раѓање: Инспиритивна приказна за паметното пргаво девојче
Најважно, според
нејзината мајка Милена, е тоа што не и недостасува љубов и поддршка
*Нејзините родители сакаат Меги да посетува редовно основно училиште
Ова е приказна за Меги, двегодишно девојче од Зрењанин, Србија. Меги е весела, комуникативна, пргава и многу паметна. Таа во секое време знае што сака и како ќе го постигне тоа. Меги е слепа од раѓање, но ниту таа ниту нејзиното семејство не страдаат поради тоа. Најважно е, вели мајка ѝ Милена, да не недостасува љубов и поддршка. Во нивниот дом секогаш има луѓе, секогаш се слуша музика, бидејќи како и секое дете, така и Магдалена има потреба од дружење, наведува РТВ Сантос.
Двегодишната Магдалена е родена слепа и не постои начин да го види светот како што го гледаат повеќето луѓе. Сепак, Магдалена ги разбива сите предрасуди за слепите и слабовидите и ќе биде првото слепо дете кое редовно ќе посетува настава во градинка, а подоцна и во училиште.
- Мајката, без разлика што е мајка, мора да носи некаков знак на препознавање, бидејќи како инаку слепото дете во некаква врева би знаело дека тоа си ти? Имам нараквица која секогаш ја носам кога одиме некаде. Ја допира и знае дека сум јас - вели Милена, мајката на Магдалена.
- Магдалена е во друштво од првиот момент кога се роди. Од ништо не ја лишивме, не живееше во тишина, работевме со неа од првиот момент. На една година ја запишавме во музичка градинка. Имаме одлично друштво, моментално мислам дека ни е на пат 18-то дете, па е апсолутно социјализирана. Ги сака луѓето, сака музика.
Како што вели Милена, моментално учат во кои простории од куќата се. Самата ја препознава бањата. Нејзиниот брат Вук оди во градинка, а следната година во тимот ќе му се придружи и Магдалена. Доколку се остварат плановите на родителите на Магдалена, ова двегодишно дете ќе биде првото слепо дете кое ќе посетува настава во редовно основно училиште, јавува РТВ Сантос.
- Тоа ќе биде еден вид предизвик, бидејќи во Зрењанин немаше слепо дете во редовното школување. Таква одлука донесовме затоа што не сакавме да се одвои од семејството, бидејќи сметаме дека семејството е нешто што никој не може да го надомести, а можеме да ги замениме експертите и знаењето.
Магдалена гостуваше и на модна ревија. Според нејзината мајка, не била нејзина желба таа да се занимава со манекенство, туку луѓето да видат дека дури и дете кое има одреден тип на попреченост може да прави се‘ што прават другите деца.
Погледнете ја приказната за Магдалена Шокловачка, девојка која ги урива сите предрасуди:
Фото и Видео: Youtube