МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ: Mакедонската компанија SINGULAR-победник на гејминг наградите во Талин

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ: Mакедонската компанија SINGULAR-победник на гејминг наградите во Талин

Објавена во: После „Школо“ // PR

На шестти август компанијата Singular со седиште во Малта и канцаларии во Скопје ја доби наградата „Rising Star in Baltic Sports Betting Technology” на Балтичките и Скандинавски Гејминг (БСГ) награди во Талин, Естонија.

Манифестацијата се одржа како дел од „MARE Balticum“ гејминг саемот кој беше првиот настан што се одржа во живо од почетокот на пандемијата. Во категоријата „Rising Star in Baltic Sports Betting Technology” беа номинирани речиси 50 компании од целиот свет, од кои само 6 влегоа во потесен круг.

Наградата става акцент на иновативноста на софтверот, агилноста во процесот на развој на технологијата и флексибилността на истата. Адаптабилноста добива уште поголемо значење во последните неколку години поради зголемената легализација на спортското онлајн кладење на нови пазари. Singular располага со софтвер кој брзо се прилагодува на пазарните промени од регулативна и оперативна перспектива што и овозможи на компанијата влез на три нови пазари. Деталите ќе бидат објавени покасно оваа есен.

„Singular од секогаш била tech-компанија која креира иновативни и стабилни решенија кои можат да се носат со конкуренцијата на светско ниво. Оваа награда е само уште една потврда дека се движиме во вистинската насока. Горд сум на тимот кој работи на постојано унапредување на решението за спортско кладење.“ - коментира Дарко Гацов, ко-основач на Singular.

Ова е втора меѓународна награда за Singular која минатата година се здоби со титула „Провајдер на годината за мулти платформскo решение” на Malta Gaming Awards.

Singular е една од IT компаниите во Македонија што развива производ од сам почеток до крај. Софтверот за спортско кладење е целосно изработен од страна на тимот во Скопје почнувајќи од R&D процесите, развој на производот, и тестирање па се до финалната испорака и пост-продукциско одржување. Повеќе за Singular на www.singular.uk


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: