Мејкап за почетници: Како совршено да нанесете сенка на очите?
Покрај пудрата, руменилото, маскарата и ајлајнерот, сенката за очи е неопходна за беспрекорен изглед, особено кога е во прашање вечерниот изглед.
За наша среќа, денес палетата со бои на сенски за очи е огромна, а во мода се многу нијанси од сите бои. Секако, самиот мејкап зависи од потребата за која го нанесувате, силните и тешките сенки се резервирани за родендени, вечерни излегувања и матурски забави, додека маскарата, руменилото и ајлајнерот се доволни за дневна варијанта.
Доколку само што влезе во светот на шминката, сигурно досега имаш сфатено колку работи мора да научиш. Од тоа кои нијанси одговараат на твојата боја на очи, до нанесувањето на ајлајнер во зависност од обликот на окото, па до самиот избор на пудра, правила има еден тон. А, сето тоа е со цел да изгледаш уште поубаво, да ги прикриеш евидентните недостатоци и да ги истакнеш своите најубави карактеристики на лицето.
Во видеото во продолжение погледни неколку трикови за тоа како правилно да нанесеш сенка за очи, за совршен изглед: