Меланија ги следи насоките на сопругот: Не сака да се сретне со Џил, ја нема ни побарано

Меланија ги следи насоките на сопругот: Не сака да се сретне со Џил, ја нема ни побарано

Објавена во: Живот // Живот

Меланија Трамп, првата дама на САД, оди по чекорите на својот сопруг Доналд Трамо, па така одлучи да нема телефонски разговор со идната прва дама, Џил Бајден, пренесува Дејли Експрес, повикувајќи се на изворите на Дејли Мејл.

Семејството Трамп не ја признава победата на Бајден, а претседателот на САД, според изворите на Си-Ен-Ен, засега нема намера да го прими Џо Бајден во Белата куќа.

Трамо тврди дека имало изборни кражби и најавува тужба на Врховниот суд.

Дејли Мејл додава дека госпоѓа Бајден веќе си направила распоред за идните акции.

„Џил е концентрирана на создавање на свој тим и план за остварување на приоритетите кои се базираат на едукација, семејствата на војниците и ветераните, како и борбата против канцерот“ - рече Мајкл де ла Роса, потполаролот на Џил Бајден.

Се додава дека изразила желба да продолжи да работи како наставник.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: