Меланија го убедува Трамп да го признае поразот, тој се опушта со голф

Меланија го убедува Трамп да го признае поразот, тој се опушта со голф

Објавена во: Живот // Живот

Можеби се размислува...

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп одбива да ги прифати резултатите од изборите, а извор запознаен со ситуацијата тврди дека неговата сопруга Меланија се обидува да го убеди да ги прифати резултатите и да го прифати поразот, пренесува Си-Ен-Ен.

Додава дека на тоа се обидел да го убеди и неговиот соработник и зет Џаред Кушнер, кој ја следеше неговата кампања од Белата куќа.

Покрај тоа, Трамп продолжи да прави правна стратегија за оспорување на изборните резултати на судовите.

Како што се наведува, тој моментално не планира да го покани Џо Бајден, избраниот претседател, во Овалната канцеларија на традиционалниот состанок на сегашниот и претстојниот претседател, што е вообичаена постапна што се смета за мирен трансфер на власта.

Се додава дека Трамо повторно заминал во својот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија, каде што го пречекале демонстранти кои извикувале дека е губитник.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: