Мелодијата ја земал од албански рапер: Отстранета е песната на Бака Прасе поради прекршување на авторските права

Мелодијата ја земал од албански рапер: Отстранета е песната на Бака Прасе поради прекршување на авторските права

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе пред неколку дена објави нова песна, оносно „disstrack“ на Јутјуб.

Сепак, колку е креативен, говори и тоа што, вчера песната беше отстранета од платформата и тоа поради кршење на авторски права.

Меѓутоа, јутјуберот не сака да признае дека ја искористил музиката од други изведувачи, туку за тоа ги обвини ботовите.

„Отстрането поради сексуално вознемирувачка содржина. Ботовите пријавувале“ - напиша тој.

Интересно е дека јутјуберот не ни спомена дека комплетната музика ја преземал од други изведувачи, па дури не ги ни потпишал.

Со ова ги прекриши основните насоки на Јутјуб, како и уметниците кои всушност го пријавиле, а не како што вели тој, ботови.

Имено, за потребите на оваа песна, јутјуберот ја преземал мелодијата од дуетот „Heart Attack“ на албанскиот рапер по име Noizy и Loredane. 

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: